Обама најави повлекување на војниците од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама го најави почетокот на напорите за ставање крај на десетгодипшната воена инволвираност на Соединетите американски држави во војната во Авганистан. При своето обраќање во Белата куќа, Обама најави повлекување на 10.000 војници од земјата. Согласно планот, до летото во 2012 година се предвидува повлекување на уште 23.000 војници од Авганистан. Се проценува дека 100.000 американски војници моментално се распоредени во Авганистан.