Двајца приведени за интернет измама

Американските власти потврдија дека двајца Латвијци биле приведени и десетина компјутери биле запленети поради сомненија за сајбер криминал. Од Американското министерство за правда велат дека двајцата осомничени биле уапсени во вторникот. Согласно обвинението, приведените се товарат за измама на интернет. Двајцата наводно оперирале интернет страница која на корисниците им давала лажни дојави за вирусни инфекции, по што на интернет корисниците им се предлагало купување на антивирусен софтвер со кредитни картички.