Ербас и ИндиГо склучија најголема зделка во историјата на авијацијата

Европскиот авио- производител Ербас соопштува дека од индиската авио-компанија ИндиГо добиле нарачка за 180 авиони, вклучувајќи 150 авиони од нивниот нов тип A320 кои штедат гориво. Ова зделка e најголемата нарачка во историјата на авијацијата. Останатите авиони ќе бидат од стандардната линија А320. Од Ербас соопштија дека договорот е вреден 15, 6 милијарди долари.