Протести во Косово против корупција и злоупотреби

Протестираат со празни џебови

Илјадници луѓе протестираат денеска во Косово против корупцијата на владата, и оштетување на јавните фондови. Лидерот на опозицијата Албин Курти изјави дека владата на премиерот Хашим Тачи ги „мести“ јавните тендери и го распродава јавните претпријатија. Владата негира дека тоа е точно. Луѓето кои протестираат , извикуваат „крадци“ носат транспаренти и против приватизацијата на државната пошта, и компанијата за телекомуникација. Полициската мисија на ЕУ во изминатиот период направи серија истраги за злоупотреба на јавните фондови од страна на високи службеници , вклучувајќи ги и менаџерите на Компанијата за телекомуникација .