Пакистан-армијата испитува офицери поврзани со милитанти

Пакистанска војска

Уште четворица офицери на пакистанската армија се испрашуваат за нивната поврзаност со забранети екстремистички групи, соопштуваат од армијата. Тие се испрашуваат дали имаат врски со организацијата Хизб ут Тахрир, но не се отпуштени од работа. Вчера еден офицер остана без работа откако беше докажано дека соработувал со Хизб ут Тахрир. Станува збор за меѓународна исламистичка организација која e посветена на идејата за заживување на исламски калифат и унифицирање на муслиманските земји според законите на религијата