Руските власти одбија регистрација на опозициона партија

Руското министерство за правда ја одби регистрацијата на опозиционата партија Парнас, која ја формираа поранешниот премиер Михаил Касјанов, поранешниот заменик премиер Борис Немцов и уште неколкумина други политичари. Според образложението, статутот на оваа партија бил во спротивност со законот, а имало и непостоечки челнови. Нерегистрирани партии не можат да кандидираат свои претставници за избори во Русија.