Курдски политичар не може да биде пратеник

Турската изборна комисија соопшти дека ново-избраниот курдски политичар за пратеник, Хатип Дикле не може да биде пратеник бидејки отслужувал затворска казна од 20 месеци во 2009-та година за пропагирање на курдските бунтовници. Дикле е еден од неколкуте политичари, подржани од Курдската партија, кои беа избрани како независни кандидати.