Бан Ки-Мун доби втор петгодишен мандат

Бан Ки-Мун

Генералното собрание на ОН му изгласа втор мандат на генералниот секретар на светската организација Бан Ки-Мун. Новиот петгодишен мандат на 67-годишниот јужнокорејски дипломат почнува на 1 јануари 2012 година. Бан Ки-Мун доби пофалби за неговата посветеност на борбата против климатските промени, нуклеарното разоружување и женските прашања, но беше критикуван зашто не бил покритичен кон кршењето на човековите права во моќните земји како Кина или Русија.