Средба на претседателите Иванов и Перес во Ерусалим

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов попладнево во Ерусалим се сретна со израелскиот претседател Шимон Перес. Иванов ќе учествува на меѓународната конференција „Соочување со утрешнината“, чиј домаќин е Перез. Иванов ќе се обрати на утрешната лидерска пленарна сесија на која ќе се разговара за глобалната економска криза, решавањето на регионалните конфликти, за социјалниот напредок, за климатските промени и за одговорноста на политичарите при донесувањето клучни одлуки.
Конференцијата што по трет пат се одржува во Ерусалим под покровителство на Перес, и годинава ќе собере на едно место преку 200 светски лидери, претставници на меѓународни организации, бизнисмени, научници и експерти. Меѓу учесниците на собирот се и израеслкиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот британски премиер Тони Блер, поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма, а во функција на амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и колумбиската поп ѕвезда Шакира.