Парламентот ќе гласа доверба на новата влада на Папандреу

Јоргос Папандреу

Грчкиот парламент денеска, поточно околу 23 часот треба да гласа доверба на кабинетот на премиерот Јоргос Папандреу. Папандреу направи реконструкција на неговиот кабинет во петокот поради протестите во врска со плановите за намалување на трошоците за да се справи со кризата во земјата. За две недели се очекува министрите за финансии на еврозоната да и доделат нова транша од заемот, но притоа се очекува Грција да ги прифати реформите. Папандреу ја повика нацијата да ги прифати реформите за да се избегнат "катастрофалните последици". Во меѓувреме во Брисел претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо рече дека Европската унија се подоготвува да ја подржи Грција и верува дека на новата грчка Влада ќе ја добие довербата на Парламентот.