ЕУ загрижена за политичките случувања во Албанија

Избори во Тирана

Министрите за надворешни работи на ЕУ изразија загриженост поради влошувањето на политичката ситуација во Албанија по несогласувањето на водечките политички партии околу резултатите од локалните избори кои се одржаа на 8 мај. Министерите на ЕУ ги повикаа владеачката партија и опозицијата да воспостават контакт и да го надминат политичкиот ќор-сокак кој трае веќе подолго време. Локалните избори во Албанија се одржаа пред 45 дена и се уште не е јасно кој е избран за градоначалник на Тирана, бидејќи некои гласови се пребројуваат по третпат