Пилотот најверојатно виновен за несреќата во Русија

Вицепремиерот на Русија Сергеј Иванов изјави дека за авионската несреќа во северозападниот дел на Русија, најверојатно е виновен пилотот. И покрај тоа што истражителите велат дека се уште е рано да се каже, кој е виновен. Четириесет и четири лица загинаа, а осум се повредени кога патнички авион се урнал во близина на ародромот Петрозаводск во руската провинција Карелиа. Локалните медиуми јавија дека авионот при уривањето се судрил со автомобил на патот.