Литванија ќе ги обештетува Евреите

Парламентот во Литвaнија денеска изгласа пакет закони со кои ќе им се копмензира на Евреите за одземениот имот од нацистите за време на Втората светска војна. Пратениците гласале да се основа фонд од 53 милиони долари. Исплатата треба да започне од 2013-та и да трае до 2023-та година. Со фондот ќе раководи еврејската заедница во Литванија , а парите ќе бидат наменети за финансирање на религиозни, здраствени, образовни и културни програми. Над 95 проценти од Евреите во Литванија, загинале за време на војната. Сега во Литванија живеат околу 5000 Евреи.