Сирија-Асад најави уште една амнестија на затворениците

Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска соопшти дека повторно ќе амнестира затвореници, по што илjадници луѓе излегле на улиците во знак на подршка. Асад наредил да се амнестираат сите кои направиле криминал пред 20 јуни 2011-та. Ова објава доаѓа на ден, откако претседателот вети реформи и нов Устав. Ова е втора амнестија за еден месец. По објавата многу луѓе во знак на подршка излегле на улиците во главниот град Дамаск, но и во Хомс, Латакиа, Дара, Хама, Тартус. На 31 мај тој ги амнестираше сите политички затвореници притворени за време на протестите.