Саудијките во кампања против радикалните исламисти

Коалицијата на саудиските активисти побараа подршка од жените дипломати на Запад за нивната кампања за правото да возат автомобил. Групата “Саудијки за возење„ упатија писмо до американскиот државен секретар Хилари Клинтон и до нејзината европска колешка Катрин Ештон да помогнат во борбата против ултра конзервативните клерици во Саудиска Арабија во која инаку нема закон за забрана жените да возат автомобил.