Во Луксембур состанок на Советот за стабилизација и придружување

Во Луксембург се одржува состанок на Советот за стабилизација и придружување на Црна Гора во Европската Унија на кој учествува европскиот комесар за проширување Штефан Филе. Филе во Луксембург синоќа оцени дека неодамнешните случувања во регионот на Западен Балкан создале можности за проширување во втората половина на 2011 та.Европскиот комесар наведе дека во регионот е постигнат напредок, наведувајќи ги како примери влегувањето на преговорите на Хрватска со ЕУ во завршна фаза, апсењето и испорачувањето на пензионираниот генерал Ратко Младиќ на Хашкиот Трибунал и позитивниот исход од изборите во Македонија.