Кина и Украина склучија договори вредни 3,5 милијарди долари

Претседателите на Кина и Украина

Кина и Украина склучија договори вредни повеќе од 3,5 милијарди долари. За време на својата прва посета на Украина кинескиот претседател Ху Џинтао стави потис на неколку договори за енергија, технологија, трговија и од други области. Ова е ново ниво од соработката , ниво на стратешко партнерство меѓу двете земји, изјави кинескиот претседател. Украина ќе земе заем од Кина за изградба на брза железничка линија која ќе го поврзува аеродромот Бориспил со главниот град на Украина, Киев. Претседателот Виктор Јанукович рече дека ќе им се посвети на односите со Кина, кои во времето на неговиот претходник беа запоставени.