Ештон: Важно е да се продолжат реформите на Западен Балкан

Кетрин Ештон

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави денеска дека на состанокот на шефови на дипломатии на земјите на ЕУ и Западен Балкан во Луксембург, им била упатена порака на земјите од Западен Балкан за важноста на реформите во тој регион во натамошниот пат кон Унијата. Главна тема на состанокот била соработката со Западен Балкан во рамките на процесот на стабилизација и придружување. Ова е редовен министерски состанок во рамките на „ Форум за Западен Балкан“. На Состанокот биле разменети и мислења за регионалната соработка, спроведување на изборите – во присуство на ОБСЕ и ОДИХР, заедничките предизвици во однос на неодамнешните настани во јужното соседство на ЕУ, и генерално за европската соседска политика.