На 3 јули ќе се знае дали Грција ќе ја добие помошта од ЕУ

Конечната одлука за петтатта транша од помошта за Грција ќе биде донесена на вонредна средба на еврогрупата на 3 јули, изјави денеска Жан-Клод Јункер. Тој потврди дека петтата транша од 12 милијарди евра, ќе се дозволи само ако биде донесна дополнителна програма за буџетски штедења и приватизации од кои се очекуваат околу 50 милијарди евра. Тоа значи дека грчката Влaда треба од денеска до 3 јули да направи се за да ги утврди тие програми, изјави Јункер по средбата на министрите за финансии од еврозоната.