ЕУ воведува економски санкции кон Белорусија

Белорускиот претседател Лукашенко

Министрите за надворешни работи на ЕУ, денеска предложиле економски санкции против Белорусија .Одлуката е наменета за зголемување на финансискиот притисок врз режимот на претседателот Александар Лукашенко. На листата за санкции се ставени и три фирми на луѓе блиски до Лукашенко. Земјите членки на ЕУ се согласиле да им забранат патување во ЕУ и да им се замрзнат сметките на 188 луѓе, меѓу кои луѓе од најтесниот круг соработници на Лукашенко и неколку судии.