Голем пожар во нафтената рафинерија ИНА во Хрватска

Голем пожар избувнал денеска во нафтената рафинерија ИНА во хрватскиот град Сисак, на 57 километри југоисточно од Загреб. Пожарот започнал од цевките, кои ги поврзуваат инсталациите во рафинеријата. Пожарникарите се обидуваат да ја локализираат огнената стихија. Засега нема информации за евентуални жртви и повредени, соопштија од хрватската нафтена компанија.