Оранжериското производство трпи штети од бактеријата

Од пет до десет милиони евра загуба ќе претрпи македонското оранжериско производство поради појава на бактеријата Ешерихија коли, оценуваат од Стопанската комора. Освен побарувачката и пласманот на зеленчукот, драстично се намалуваат и ценити. Од групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора, велат дека состојбата е особено алармантна, и ова ќе биде дополнителен удар , покрај поскапувањето на мазутот. За надминување на состојбата, земјоделците бараат компензација за енормното високата цена на мазутот, како и да се овозможи користење повластени петгодишни кредити за отплата на банкарските заеми на земјоделците кои се со многу висока камата и краток рок на доспевање. Претходно од Агенцијата за храна, соопштија дека македонскиот зеленчук е безбеден за јадење и во него нема бактерија.