„Саботери“ виновни за кризата во Сирија

Претседателот на Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во телевизиско обраќање изјави дека „саботери“ се виновни за кризата во Сирија, која трае три месеци .Во обраќањето, Асад повика на национален дијалог, но рече дека е важно да се прави разлика помеѓу „саботери“ и луѓе со „легитимни барања“ за реформи. Според опозицијатаа повеќе од 1.400 Сиријците се убиени, а 10 илјади луѓе се уапсени, откако владините сили се обидоа да ги задушат протестите против режимот на Асад. Сириските власти спроведоа операција во северот на земјата што принуди повеќе од 10 илјади луѓе да ги напуштат своите домови и да одат во Турција. Се претпоставува дека исто толкав број на бегалци има и во внатрешност на Сирија