МААЕ-да се направат проверки на сите нуклеарни централи

Шефот на МААЕ Јукијо Амано

Шефот на Меѓународната Агенција за атомска енергија денеска ги повика земјите кои имаат нуклеарни централи да спроведат темелни и транспарентни проценки на ризикот на сите нивни реактори, во следните 18 месеци. Денеска во Виена ќе започне еднонеделниот состанок на кој ќе се разговара за нуклеарната безбедност по катастрофата во Фукушима. На состанокот ќе учествуваат 150 владини министри и високи претставници од повеќето земји членки на Агенцијата за атомска енергија.