Обраќање на Претседателот Асад - Сирија е на пресвртна точка

Сиријски бегалци во Турција

Сирискиот претседател Башар Ал-Асад изјави дека земјата е на пресвртна точка по тешките денови. Тој за прв пат по четири месеци протести против неговиот режим и се обраќа на јавноста.
Опозицијата смета дека 1400 сиријци се убиени, а 10 илјади се затворени. Над 10 илјади сириски бегалци ја преминаа турска та граница, а уште 10 илјади се засолнети во близина на границата во сирискиот дел. Амбасадорот на Сирија во Вашингтон соопшти дека во својот говор Асад ќе се осврне на барањата на демонстрантите.