Милошоски на состанокот ЕУ - Западен Балкан во Луксембург

Антонио Милошоски и Штефан Филе во Брисел - Јуни 2010

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија и Западен Балкан, што се одржува во Луксембург.
Со состанокот на Форумот ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон. На Форумот ќе бидат разменети мислења на теми како натамошно промовирање на европските перспективи на регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на регионалната соработка, спроведување на изборите – во присуство на ОБСЕ и ОДИХР, заедничките предизвици во однос на неодамнешните настани во јужното соседство на ЕУ, и генерално за европската соседска политика.
На маргините на состанокот, предвидено е министерот Милошоски да оствари средби и разговори со повеќе свои колеги од регионот и од Европската унија