Конференција за Охридксиот Рамковен Договор

Државен Универзитет во Тетово

Во организација на Универзитетот Колумбија – Програма за градење мир и човекови права, Правниот и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа, денеска во Тетово ќе започне дводневна Меѓународна конференција „Охридскиот рамковен договор: Кон членството на Македонија во Европската унија и во НАТО“.Претставници од политичкиот живот, меѓународни дипломати, политички медијатори, амбасадори, политички аналитичари, еминентни специјалисти од областа на економијата, управувањето, општеството и на културата ќе дискутираат за ефектите на Охридскиот рамковен договор на меѓународната конференција.
На Конференцијата е најавено учество на претставници од меѓународната заедница кои ги олеснуваа преговорите за Договорот, преговарачите од Македонија, како и амбасадорите од САД, од Обединетото Кралство и Северна Ирска, од Шведска, од Унгарија, Европската Унија и други членови од дипломатскиот кор во Македонија.
Вториот ден од конференцијата е предвидено да се одржи во Скопје.