Почнува процесот против поранешниот туниски претседател

Бен Али со сопругата Леила

На поранешниот тунски Претседател Зине ел Абидине Бен Али и на неговата жена Леила Трабелси ќе им се суди во отсуство денеска во Тунис. Бен Али, кој избега од земјата во Саудиска Арабија по народниот бунтот, е обвинет за финансиски криминал, перење пари и трговија со дрога.
Во неговата палата се пронајдени драгоцени камења и пари во вредност од 27 милиони долари, како и дрога и оружје. 74 годишниот Бен Али ги негира обвиненијата.