„Форум за Западен Балкан“ во Луксембург

Штефан Филе и Кетрин Ештон

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и државите од Западен Балкан денеска ќе одржат состанок во Луксембург. На состанокот ќе присусутвуваат еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Главна тема на состанокот ќе биде соработката со Западниот Балкан во рамките на процесот на стабилизација и придружување. Ова е редовен министерски состанок во рамките на „ Форум за Западен Балкан“ кој минатата година се одржа во Сараево.