Грција ќе ги исполни сите обврски за да добие пари

Новоименуваниот грчки министер за финасии Евангелос Венизелос денеска вети дека неговата земја ќе ги исполни ветувањата за буџетските рестрикции и за намалување на дефицитот, пред почетокот на министерскиот состанок на министрите од еврозоната, кој е е клучен за спас на Грција од кризата. На состанокот во Луксембург треба да биде донесена одлуката за деблокирање на помошта за Грција на почетокот на јули, но и да се разговара за новата долгорочна програма за помош на земјата.