Владиниот партнер ја условува поддршка на Берлускони

Силвио Берлускони

Италијанската партија Северната лига, која е партнер во владата на Силвио Берлускони, денеска ја услови натамошната поддршка на Владата со намалување на даноците и на буџетот за пратеничките плати и со преселување на седиштата на некои од министерствата од Рим во градови на северот од Италија. Лидерот на партијата Умберто Боси се закани дека неговата партија би можела да ја напушти Владата доколку не бидат изполнети нејзините барање. Боси сепак смета дека Берлускони треба да остане премиер до истекот на мандатот на актуелната Влада во 2013 година и се спротивстави на одржувањето предвремени избори, со оценка дека тие би биле подарок за опозицијата, бидејќи би се одржале „во време поволно за левицата“.