Составен е споменикот „Воин на коњ“

Споменикот „Воин на коњ“ е составен. Воинот треба да биде поставен на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Скулптурата е висока речиси 13 метри и треба да стои на 10 – метарски бетонски постамент. Остануваат уште некои работи да се досредат пред скулптурата да биде поставена на постаментот. Споменикот „Воин на коњ” беше донесен на плоштадот Македонија пред пет дена од Фиренца. Тој е изработен во италијанската леарница Фернандо Маринели. Автор на делото е скулпторката Валентина Стевановска