Папандреу најави промена на политичкиот систем во Грција

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска најави дека во текот на есента неговата Влада планира да организира референдум за промени во политичкиот систем во Грција, вклучително и измени на грчкиот Устав.
Според Папандреу, реформите на Уставот се со цел да се овозможи поедноставување на процедурата за судско гонење на владините претставници. Тој најави и дека Грција преговара за нов пакет за спас, чиј обем, според него, ќе биде ист со првиот од 110 милијарди евра што и беше одобрен на Грција од страна на ЕУ и ММФ во мај 2010 година.
Папандрeу побара од пратениците при гласањето да и дадат доверба на неговата реконструирана Влада, за таа да може да ги спрoведе планираните болни економски реформи за спас на земјата. Ако дојдеме во состојба земјата да не може да ги плаќа долговите, ќе биде катастрофално, изјавил Папандреу.