Половина од Грците се против владините мерки за штедење

Протести во Атина против владините мерки

Речиси половина од Грците се против мерките за штедење што ги предложи грчката Влада, а чие усвојување е услов Грција да го добие вториот пакет-помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 120 милиони евра за излез од кризата, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Капа Рисрч“ . Според анкетата, 47,5 проценти од Грците се против владините мерки за штедење и сакаат предвремени избори, додека 34,8 отсто го поддржуваат усвојувањето на рестриктивниот пакет. Истражувањето, спроведено на 14 и 15 јуни со 1.208 испитаници, пред петочната реконструкција на Владата, покажува и дека мнозинството Грци сакаат предвремени избори и смена на грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Речиси 90 проценти од анкетираните сметаат дека Грција се движи во погрешна насока, а околу 80 отсто се противат на истапувањето на земјата од еврозоната.