НАТО напаѓаат во Триполи, по заканите на Гадафи

Триполи

Силите на НАТО започнаа нови напади врз либискиот главен град Триполи, откако либискиот лидер Моамер Гадафи во телевизиско обраќање вети дека ќе ја победи Алијансaта. Либискиот воен портпарол соопшти дека авионите на НАТО напаѓаат и воени и цивилни цели, при што се повредeни многу луѓе, објавува државната телевизија . Нападите на силите на НАТО се со цел да се зголеми притисокот врз Гадафи, кој се уште го контролира Триполи. Вчера Гадафи во телевизиското обраќање по телефон, најави дека неговиот режим ќе продолжи со отпорот против НАТО и со битката против бунтовниците во земјата. Обраќањето на Гадафи, на главниот плоштад во Триполи го следеле илјадници негови приврзаници.