Во нападот на полициската станица во Кабул, 9 загинати

Тројца полицајци, еден припадник на разузнавачките служби и 5 цивили загинaле во денeшниот напaд на полицискaта станица во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштуваат авганистанските власти. Од Министерствто за внатрешни работи велат дека еден бомбаш самоубиец успеал да го активира експлозивот внатре во зградата, додека другиот бил убиен од полицаец пред да се разенесе. Последниот напаѓач бил застрелан, по еден час престрелка со полицијата. Од министерството соопштуваат дека напаѓачите носеле униформи на авганистанската национална армија. Ова е втор голем напад во Кабул за еден месец.