Британија ги повика своите државјани да ја напуштат Сирија

Сиријски војник приведува човек

Велика Британија ги повика британските државјани да ја напуштат Сирија, поради граѓанските немири таму. Од Канцеларијата за надворешни работи на Велика Британија соопштуваат дека сите Британците треба да ја напуштат Сирија додека се уште има комерцијални летови, наведувајќи дека можеби британската амбасада во Дамаск нема да биде во можност да им помогне ако ситуацијата во Сирија продолжи да се влошува. Во земјата насилствата ескалираат. Од почетокот на март започнаа протести против режимот на претседателот Башар ал Асад. Сега режимот се справува со побунениците.