Плоштадот „Македонија“ станува центар на насилства

Две малолетни момчиња синоќа биле претепани од страна на десеттина непознати лица на плоштад “Македонија“ во Скопје. Поради сериозноста на повредите, едно од нив се уште се наоѓа во болница, соопштуваат од МВР. Нападот се случул пред полноќ на паркинг плацот кај МЕПСО. Групата која броела околу 15 момчиња ги нападнале двајцата малолетници и ги удирале со клоци и тупаници. Момчето кое е задржано на лекување, има удари и од остар предмет.