Косовската полиција постепено од КФОР ја превзема контролата на границата со Македонија

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Долно Злокуќане, на Косово, ќе присуствува на свеченото примопредавање на контролата на третиот сектор од македонско-косовската граница од страна на припадниците на КФОР во надлежност на косовската полиција. Како што е најавено, предвидено е покрај претставниците на КФОР и косовската полиција, кусо обраќање да има и министерката Јанкуловска.