Русија купува француски воени бродови

Мистрал

Русија денеска потпиша договор за купување на два француски воени брода во вредност од милијарда долари. На потпишувањето на договорот на маргините на економискиот форум во Санкт Петерсбург присуствуваше и рускиот претседател Дмитри Медведев. Станува збор за прва ваква зделка меѓу Русија и една членка на НАТО и таа предизвика загриженост кај поранешните советски републики. Бродовите се од типот Мистрал кои можат да понесат 16 хеликоптери, четири авиони, 13 тенкови и 450 војници.