Во Македонија искористени 100 милиони евра од ИПА средствата

Во Република Македонија досега се потрошени околу 100 милиони евра средства од ИПА фондовите, а таа сума веројатно ќе се зголеми и до 120 милиони, информира Барт Стаес, лидер на делегацијата на Комитетот за буџетска контрола на Европскиот парламент, по посетата на земјава.

- „Ние не сме во инспекција туку допатувавме да видиме што се случува, бидејќи тука се трошат европски пари. Вашата земја нуди голем број можности за инвестиции, како земјоделството, туризмот, рударската индустрија и за да се дојде до овие цели треба да се продолжи во вистинската насока“, рече Стаес.

Според него, ЕУ сака да биде вклучена во нашата земја, да помогне бидејќи и е јасно дека Македонија има иднина во Европа.