Голема инвестиција на Нестле во Србија

Нестле објави дека постигна договор за преземање на работењето на Центропроизвод, еден од најголемите производители на храна во Србија.
Купен е асортиманот за кулинарство на Центропроизвод, напитоци и кондиторски производи.
Се очекува дека во 2011 година продажбата ќе достигне износ од 25 милиони евра. Условите на трансакцијата, кои се предмет на правно одобрување, се уште не се познати.
Трансакцијата исто така ја опфаќа и фабриката на Центропроизвод во Сурчин.
Марко Травалиа, претседател на Управниот одбор на Нестле Адриатик, смета дека тој потег е стратешки и ќе го зајакне присуството на компанијата во регионот.