Сириските трупи влегле во градот Марат ал Нуман

Сириските трупи со околопни возила влегле во уште еден град во северозападниот дел на земјата каде што имало антивладини протести. Државната телевизија објавува снимки во кои се гледа како војниците влегуваат во градот Марат ал Нуман. Се уште не е јасно дали во текот на операциите имало и жртви. Во меѓувреме, расте незадоволството во земјата против режимот на претседателот Башар ал Асад.