Македонско - руски бизнис форум во Скопје

Скопје

Група бизнисмени од рускиот Вологодки регион, денеска и утре престојуваат во Република Македонија со цел воспоставување деловни контакти со компании од земјава од повеќе стопански дејности.
Во рамки на нивната посета, Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора организираат Македонско-руски бизнис форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со руските компании и тоа од областа на: градежништвото, прехранбената индустрија, пренос на електрична енергија, трговија на мало со храна, пијалаци, алкохол и цигари и обезбедување на имоти и лица.
Овој регион се наоѓа 458 километри североисточно од Москва. Тој е еден од најразвиените региони во Руската Федерација и зазема деветто место по Бруто домашниот производ по глава на жител во целата земја. Познат е по производство на железо, челик и преработка на дрво.