Реконструкција на Грчката влада - денеска ќе се знае новиот состав

од протестите

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска би требало да го назначи новиот владин состав по реконструкцијата, во услови на растечка загриженост за финансиксата криза во земјата. Во четвртокот Папандреу повика на единство и рече дека Грција и Европската унија се соочуваат со клучен историски момент, додека се обидуваат да спречат грчки банкрот и финансиски колапс на земјата. Во Грција избиваат неретко насилни протести против владините мерки за штедење, поради што минатата недела тројца владини претставници си поднесоа оставки.