Новиот лидер на Ал Каеда е бледа копија на Осама бин Ладен, сметаат американските власти

Ајман ал Завахири

Соединетите американски држави го сметаат новиот лидер на терористичката Ал Каеда Ајман ал Завахирикако бледа копија на покојниот Осама бин Ладен. Американскиот адмирал Мајк Мулен рече дека рече дека САД се целат да му го обезбедат на Завахири истиот третман кој го доби неговиот претходник. Американските безбедносни сили го убија бин Ладен минатиот месец во Пакистан. Американскиот државен екретар за одбрана во заминување Роберт Гејтс рече дека Завахири, како челник на анти-западна терористичка група, ќе се соочи со предизвици.