Младите незадоволни од одговорите на МВР, повторно ќе протестираат

Протестите на младите по убиството на Мартин Нешковски продолжуваат и денеска. Младите се незадоволни од одговорите на МВР, велат дека се згрoзени од иронијата и цинизмот кои не доликуваат на формален одговор од државна институција, стои во реакцијата на младите. ЗА МВР пак случајот е затворен, тие направиле се што е во нивна надлежност. Министерката Гордана Јанкуловска изјави дека нема да си поднесе оставка затоа што не гледа одговорност за случајот. Еврокомерарот за проширување Штефан Филе пак изјави дека е затекнат од смртта на момчето и од тоа што на надлежните им требало толку време за да реагираат. Загрижен сум заради тоа што тој смртен случај не е изолиран, туку е рефлексија на постоечкиот проблемот кој се нарекува полициска бруталност, вели Филе