Пропадна договорот за испорака на гас од Русија во Кина

Медведев и Џинтао

Русија и Кина денеска го одложија потпишувањето на договор за испорака на гас, откако не се согласија за цената. Рускиот претседател Дмитри Медведев и претседателот на Кинa Ху Џинтао денеска имаа средба во Москва. Минатата година руски Гаспром и кинеската Национална Компанија за гас се согласија да се испорачува гас, преку гасоводот Алтаи кој допрва треба да се гради. Но Москва сака да врши испорака во Кина по цените по кои испорачува во Европа. Тие цени за Кина се превисоки.