Гордон:промена на границите на Косово-рецепт за катастрофа

Гордон и Тачи во Приштина

Поделбата на Косово по етничка линија ќе го врати Балканот назад на насилствата, изјави помошникот на американскиот државен секретар задолжен за Европа и Азија, Филип Гордон. Тој изјави дека прецртувањето на границите, како што предлагаат српските високи функционери, ќе биде „рецепт за катастрофа“. Изјавата на Гордон е коментар на изјавата на српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ, кој рече дека Косово и Србија би можеле да ги надминат нивните разлики ако северниот регион во кој живее претежно српско население се приклучи на Србија. Косово одби да се откаже од дел од својата територија. Гордон денеска престојува во посета на Приштина, во рамки на својата балканска турнеја. Претходно ги посети Сараево и Белград.