Австрија-уапсени 4-ца луѓе осомничени за тероризам

Полицијата во Австрија уапсила четворица осомничени за тероризам , од кои тројца тргнале во тренинг кампови во Авганистан и Пакистан. Тие биле уапсени на аеродромот во Виена. Станува збор за 25-годишен Австриец, кој ја зел исламската вера и еден маж и жена на возраст од околу 20 години кои имале статус на бегалци во Австрија. Четвртиот уапсен бил тој што регрутира луѓе и ги праќа на воени вежби во Авганистан и Пакистан. Тој е осомничен и за финансирање на терористички организации.